Чупа и манук - (2025)

Чупа и манук

Предпоследна песна шо ја напишав во оваа 2025
Мелодијата е позната, а текстот е сосема нов.

Да и во оваа песна се спомнува Битола, но овде има локации од стара Битола, како и битолцизми.
Текст Дејан Николовски, музика Suno

Во Битола додека
снегот се реди
на клупите во паркот
убавa мома седи.

Седната на клупите
кај сатот,
со волнен шал
и е покриен вратот.

Го чека својот манук
дуздисан да дојди
и со него во
Бата да појди.

Најубави чевли да и купи
и да биди најуба од
сите битолски чупи.

Да појдат да и купи
и кожна торба,
и да ја води во Фросина
на чкембе чорба.

Кај Папкоч да напрат убо кадро,
да ја почасти сладолед во Пешка,
и да се знае дека манукот
не е стипса тешка!

Дата на публикация: 18 август, 2026
Категория: Музика
Ключови думи: Музика битола dnmusic манук чупа

Показване на още