Битолски мозаик - (2026)

Битолски мозаик

Низ Широк Сокак поминува целиот свет
тој шепот стар е инспирација за секој поет.

Во Пелагонија
има еден убав град,
каде што
живее човек,
стар и млад..

Битолската чаршија со убави бои
од излозите нејзини а и твои.

Битола моја еве ме тука
срцето силно од возбуда чука,
од далечина пат фатив
за празниците се вратив.

Во Битола по Широк Сокак се шета

Во Битола додека
снегот се реди
на клупите во паркот
убавa мома седи.

Кај има воздух кај има?
Сакаш свеж воздух Битола ?
Појди Смолево !

Битола е уба
Битола е шуба
Битола е најуба
Да да да

Битола роден граду мој
го сакам секој агол твој
ти си дел од срцето мое знај
најуба си ми во мај.

Битола ти си мила
Битола ти си вила
Ти си лепотица знај
Ти си со полн сјај знај.

Во Битола дожд паѓа
Под небото љубов се раѓа

Поминав кај Саат Кулата,
со право ја има убавица титулата.

Уба си катаден
уба си за Велигден
уба си везден.
Уба си Битола моја
секоја улица има приказна своја.
Уба си Битола моја
уба си домовино моја.

This is Bitola
Feel the beat

Асли битолчанката Лиле вели,
битолчанки најубави биле и ќе бидат,
од згодни беќари видени биле и ќе бидат,
па и има што да видат.

Низ Широк Сокак
сонцето заоѓа
манук со манука
се наоѓа.

Битолски зборам
и ќе зборам.

Битола Битола
најуба си ти

Битола гратче мое златно
како слика си на платно,
со личотијата твоја,
вечна си во душата моја

Во пролет, зима
есен и лето
тебе Битола
ми те сака Деко.

Текст Дејан Николовски

Дата на публикация: 17 август, 2026
Категория: Музика
Ключови думи: битола битолски мозаик dnmusic

Показване на още