GROUND - Pusta sudbina (2019)

Текст:

Дваесет години иста стара приказнa
нашава држава мала ама вистинска
дваесет години и дваесет отсто
права имаме нула од сто посто
Знаеме сите што не боли што не стега
една иста приказна па народот гледа
суви години и голема беда
штета на народ а држава нема
Народот бега влата се крие
зад врати затворени планот се шие
полни места а душа празна радост
но нашите срца полни се со храброст
Деведес трета година на промена
може ти смета извини што споменав
знаеме сите ќе кажеле порано
беше наше време кога се беше одбрано
А сега вака ме мачи една мака
душава ме стега а толку многу сакам
времето старо да се врати горе
да остане така а не само еден спомен
Пуста судбина наша македонска
празни трибини на стадион со Полска
некому доста а некој уште краде
а народот гледа и нема што да јаде
Знаеме џабе нема крај на ова
чекаме спас од славата на бога
времето споро тука ни се врти
па секој втори избори народот се трти
Избори мртви времето си врви
датумот го чекаме од триести до први
па секој нов ден исти стари штосови
секој нов ден поминати се возови
Кој ќе ми дозволи да оставам трага
за земја македонска и срцево го давам
о боже фала знај многу ја сакам
нема друго место залудно го барам

Дата на публикация: 19 октомври, 2019
Категория: Друго

Показване на още