„Болна паднала Родна Фалкова“, Марија Луковска – Чибариќ

Инаку ова е една од најубавите стари песни што и денес се пее во Кавадарци а е посветена на убавата Родна Фалкова.
Била родена во 1907 година и израснала во многу убава мома во која се вљубувале многу млади луѓе од тоа време. Нејзиниот татко Анче бил познат меанџија. Живееле во центарот на градот. Родна имала помала сестра Марика, мажена за Столе Белевски, кавадаречкиот Гари Купер и пред војната познат голман. Меѓу додворувачите на Родна бил и познатиот млад занаетчија Орданчо Апостолов (а не Пешо Грозданов -- како што се вели во песната).
Туберколозата која бил чест гостин во многу кавадаречки куќи, влегла и во домот на чичко Анчо. Родна паднала тешко болна и на својата смртна постела успеала да извелече ветување од својот сакан Орданчо дека ќе ја земе за жена нејзината најверна другарка Горица. Родна починала во 1925 година, а Орданчо останал на зборот и се оженил со нејзината другарка Горица. Имале два прекерасни сина и повеќе внуци. Се зборува дека тетка Марика помалата сестра на Родна, го посетила Орданчо на неговата смртна постела и тој и се доверил: „Е Марико, дојде време да се придружам на мојата сакана Родна".

Ја нема Родна, го нема Орданчо, ја нема тетка Марика, го нема чичко Столе, но ги нема и децата на тетка Марика: Благица, Ицо и Ана. Но остана убавата песна: „Болна паднала Родна Фалкова" која се пее на сите средби и веселби на кавадарчани...

Смятам, че този текст няма никаква нужда от "превод".
Ето и текста на песента:

Болна паднала
Родна Фалкова.
Болна паднала
Родна Фалкова.

Над глава и седи
нејзина стара мајка.
Над глава и седи
нејзина стара мајка.

- Стани ми Родне
стројници дојдоја.
- Стани ми Родне
стројници дојдоа.

Стројници дојдоа
стројници скопјани.
Стројници дојдоа
стројници скопјани.

Кога не ми се
од Пешо Грозданов.
Од Пешо Грозданов
од Кавадарци.

Пешо ми купил
свилени фустан.
И он ми рече
„довека ќе ме сака“.

Дата на публикация: 10 януари, 2018
Категория: Музика

Показване на още