VO CENTAR Koj ke pobedi na izborite?

Во Центар со Васко Ефтов: Кој ќе победи на изборите на 15 јули?

https://vocentar.com/
https://www.facebook.com/VaskoEftovVoCentar/

Овие избори се случуваат во еден интересен временски контекст. Можеби пред конечното решавање на косовското прашање, што би подразбирало и можно делење на Косово, и пред ноемвриските избори во САД.

Затоа меѓународната заедница дозволи да има избори во Македонија за да може до 1 август да биде формирано Собранието, а до 1 септември новата влада. Притоа, ова ќе бидат први избори во услови на т.н. нова реалност, а тоа е живеење и функционирање во услови на корона пандемијата.

Анкетите покажуваат предност на левата коалиција, но тоа не мора ништо да значи. Има уште две недели кампања а во политиката тоа понекогаш знае да биде доволно време да се подобрат трендовите.

Двете големи коалиции водат различни кампањи и имаат различни стратегии. СДСМ настојува да ги придобие сите ни ваму ни таму гласачи, а ВМРО ДПМНЕ настојува да ги убеди своите разочарани гласачи да гласаат за нив за да биде поразен човекот кој го сменил името.

Најинетересна, не значи и најнеизвесна, туку баш најинетересна ќе биде трката во првата изборна единица меѓу Никола Димитров и Гордана Сиљановска. Иако многумина очекуваа таа трка да биде на ланските претседателски избори, сепак, и на парламентарните избори ќе биде интересно. Димитров вели дека ја почитува и и припаѓа на старата вмро идеа, а Силјановска вели дека не е член на ВМРО ДПМНЕ.

Во последните 30 години ВМРО ДПМНЕ имаше два Претседатели на државата од нивните редови, Борис Трајковски и Ѓорѓе Иванов. Димитров сака да има континуитет со Трајковски, а Сиљановска со Иванов.

Многу клучно ќе биде да се докаже кој е борец а кој слуга на мафојата. Затоа се важни тие бомби на Зоран Милески Кичеец, затоа е важно каде како Црн Петко ќе биде залепен Јордан Камчев. Посебно е тоа прашање важно во првата изборна единица.

ВМРО ДПМНЕ последните денови ја смени реториката и се врати на стратегијата против Преспанскиот и Рамковниот договор, а СДСМ оди на стретегијата да го прикаже лидерот на ВМРО ДПМНЕ како инсталацијата на политичкото и бизнис подземје кои сакаат да се спасат од случајот Империја.

Ќе видиме која стратегија ќе победи на 15 јули. И каква ќе биде улогата на меѓународната заедница пред изборите и по изборите и формирањето на идната влада. Таа влада ќе има исклучително тешка задача да се справи со пандемијата и со сериозните финансиски проблеми со кои ќе се соочиме.

Дата на публикация: 5 юли, 2020
Категория: Друго

Показване на още