Piki x VuiSah - Detska Soba (Prod. by Lukas Pomatski)

produced, arranged, mixed and mastered by Lukas Pomatski

Cover Design: Sneak54; VuiSah;

Lyrics:

Refren:
Еднаш одамна, точно не знам кога само знам,
дека пробав да летнам кон назад,
кога сам во детска соба јас почекав да пораснам,
пораснав, но пораснав на назад.

Piki:
06. 08. 1 9 9 5.
Се враќам повторно на светов, немој не ме јебете
Доволно го сркав, а не сум барал репете
Гледам светов сменет не е бетер е пореметен
Па ете ме, нов живот, нова шанса, нова борба
Ново тело, за мене само нова торба
Нова утроба, футрола како сакаш речи ја
Кој кур морам да сум дел од борба нечија
Околу мене дечиња и самиот сум дете
Уживам во сонот детски немој не ме будете
Убеден у себе овој пат со мислата
Во потрага по смисла нема да се извалкам
Почнав да губам меморија гледам низ магла
Спомените бледеат сеуште низ нив талкам
Да не заборавам кој бев што бев
А пред да се вратам многу добро помнев
Какво зло бев сега не знам зошто што и како
Добив ново детство кај што не постои закон
Чесно искрено не знам што е зло и пакост
Мама липа радосници гордо стои тато
Им се спои гласот одеднаш чув болен крик
Буди се ! (Стани!) Стани веќе голем си !
Очекувања и обврски, тргај што стоиш !
Во пилусон слушаш "Постоиш за да опстоиш!
Бори се, кризи, касај, гази за да не те згазат!
Расони се стај си цена напрај пазар!"
Те враќам назад во потрага по совршенство
Како копаш во себе сфаќаш си површен скроз
Па сме совршен спој остани така
Прави кои ствари сакаш, остари млад !
Или постани гад, препушти се на земни страсти
Секојдневно го меркаш јаболкото, земи касни !
Ептен сте ми гнасни дур уживаш со лоша дружина
И си говно со цура што не заслужила!
Кој кур ти е?! Зар во тебе глупаку, скриен
Брут спие?! Зар ќе дозволиш Цезарот да е успиен ?!
Живот кус ти е, а иде бавно ко 100s-ки
Бетлерчето се умисли кај него постоел скил
Се вреѓаше со замислен противник во 100 песни
Записи од подземјето, а просто не си Достоевски.
Ако пиши хартија трпи се
За иста од вредност уште една партија трти се
Умртви се, спаси се од неспокој
Научи го својот матичен број уствари баркод
За да опстоиш стани дел од свет во кој
пара, моќ, позиција се бог, устав и закон.
Пред боговите и вистината молчи не спиј
Ти уште гледаш низ призма на очи детски..

VuiSah:
Ова е моето столче, конечно седнав на него
Авиончето едно летна од детство и ене го пак горе
Постелнина исфлекана на неа крв, еве влезе ветрот
Приказна ке почне... Приказна ке почне мало дете
Ти си јас а меѓу нас се вика време мало дете
Пердув камен влакно крв, се' во центрифуга
Тоа е животот- вијулица со амнезија се до дедо болен
Некој рекол Mоже и влезе цела џунгла..
Ти ќе си таму жртва, а тие ке те мучат.
Не е фер? Епа не е, али мораш така сам
Не е се среќа, се е борба за до таков грал
Океј и сега што? Ништо, сега стега сон
Ликот сестран -неславно див во детска треска стол
Се е бавно, лице изгребано
Сонце нек изгрее ебано ме фати во небрано!

Дедо мраз е болен, веат знаме, падна човек
Улица гнасна мами деца табула раза
Испи апче, се губат смисли
Валцер играме дур дишеме канцер
Ме пикнаа во рамка со димензии дискутабилни
Испаднав од радар во дигресии и лавиринти
Не претрка просек со извичници и точки
Што крие стиропор под тие плочки
Децана пораснаа во мали луѓе
Фејдаутираат со формалности и наметнат успех
Бркаат идентитет како глушец опашката своја
А јас пак сеуште сонам.. Кочи !

Шамар ѕвони и трае во успорена снимка
За тоа време бегам низ мисли барајќи извор
Далеку преку патишта пејзажи вода бистра
Дом ко оној од слика што го зема здивот
Заедно со неа која ја барам во секоја друга
Се имаме себе, ние сме нашиот куфер
Амбициите стишани, нема саат да чука
Хоризонт без граници, денес е утре...

Но се разбудив вчера на постелнина иста
Погледнав низ прозор, сум преспал едно време
Осеќам ко да каскам по едно преспано време..
Но те видов тебе, здивнав !
Сонот не е заблуда Во тебе е мојата фауна и флора
Дај ги твоите шепоти посилни од десет хора
Те заклучив во мене но клучот го голтнав
Во овој трик ми помогна девојка на која и должам
Не мора да ми прости, само да е добра
И се обратив преку тебе, преку тебе со сите зборам
Од ова столче.. Во оваа соба
Соба со едно огледало во него освен тебе стојат
Две фигури, првите два збора, мора да ги скротам
За да не се појават кога најмногу не мора
Отвори врата, покажи ми сега ти
Јас ќе возам, ти однеси ме кај деца нови..
Утре би сакал да ме помнат ко еден контрапункт
Еднаш, некој си, еден млад- постар ум
Ќе го чувам увото со кое гледам подобро
Дур ѕверам во ѕверот со око широко затворено.

Дата на публикация: 29 януари, 2020
Категория: Друго

Показване на още