ИСТАНБУЛСКАТА НЕВЕСТА 12 еп .°Turski Filmovi MK°

Turski Filmovi MK

Прочитајте ја содржината на новата серија за „Истанбулската невеста“Високобуџетната играна серија “Истанбулската невеста” е една од најгледаните и најпопуларни турски драми за последните неколку години. Серијата за една млада пејачка која станува непосакувана снаа во богато турско семејство всушност се базира на вистинита приказна.
Вистинската истанбулска невеста се викала Улку и токму нејзината судбина било причина да се сними оваа серија, која за брзо време станува голем хит и е продадена во сите земји каде што се емитуваат сериите од Босфорот. Во главните улоги настапуваат ѕвездите на “Повторно роден” и “Во виорот на судбината”
Таа. Убава, храбра и талентирана.
Тој. Успешен, богат и заробен во стегите на минатото.

Суреја, скромна девојка од Истанбул ќе се вљуби во маркантниот Фарук. Љубовта станува бескрајна од првиот поглед, од првиот допир, од првите разменети зборови… па, за двајцата млади не преостанува ништо друго освен брак со кој ќе ја крунисаат својата голема љубов. Не знаејќи дека идниот сопруг од дете е фрлен во цврстите окови на традицијата, Суреја прифаќа да се омажи за Фарук, да ги спакува куферите и заедно со него да се пресели во Бурса во големиот конак на семејството Боран.
Девојката од големиот град доаѓа во срцето на Анадолија, каде времето како да застанало. Влегува во големиот конак, во кој од секој ќош и секоја соба зрачи богатство, луксуз, но и длабоко вкоренети обичаи. Грандиозниот семеен имот и конак постојат веќе четири века, а доаѓањето на новата девојка ќе смени сѐ кое се одржувало и траело сето тоа време.
Судбината ги водеше еден кон друг. Но, ќе постои ли некој кој може да ги раздели Суреја и Фарук? Ќе постои ли сила што може да ја разниша нивната блискост?

Дата на публикация: 8 ноември, 2019
Категория: Друго

Показване на още